четврток, 11 декември 2025 | Вести: 0

Уште еден проблем му се заканува на СП во Бразил

Градот Натал го зафати лошо време, непрекинато врне, а на градот му се закануваат поплави. Градоначалникот на Натал презема мерки, но, сепак, проблемот е во тоа што временската прогноза е многу лоша.

На стадионот во Натал беше одигран еден меч меѓу Мексико и Камерун под многу лоши временски услови, а предвидени се уште три натпревари од првата фаза да бидат одиграни тука.

На 16 јуни е закажан мечот меѓу Гана и САД, а на 19 јуни на распоредот е натпреварот меѓу Јапонија и Грција, додека, пак, на 24 јуни Натал ќе се прости од СП со натпреварот меѓу Италија и Уругвај.

Top