петок, 12 декември 2025 | Вести: 0

Германија – Португалија, дерби што не се пропушта

Денеска на програмата се три нови натпревари, на петтиот ден од мундијалот, сите очи ќе бидат вперени кон дербито Германија – Португалија, кое е закажано во 18 часот. Во вториот натпревар од оваа група, на полноќ ќе играат Гана и САД, додека во групата  Ф од 21 часот ќе играат Нигерија и Иран.

Директните ривали за првата позиција во групата Г, силите ќе ги одмерат на арената „Фонте нова“ во Салвадор од 18 часот.

Низ историјата двете репрезентации одиграле 17 натпревари, Германија е многу поуспешна и има девет победи, додека Португалците забележале само три победи.

Германија на последните 18 натпревари кои ги одиграла во групната фаза на светските првенства загубила само еднаш, од Србија во 2010 година.

– Знаеме дека играме со силен противник кој бележи успешни резултати неколку години наназад. Овој меч за нас ќе биде како финале – рекол голманот на Германија, Мануел Нојер.

Португалците повеќе од противникот ги интересира во каква состојба е коленото на нивниот најдобар фудбалер, Кристијано Роналдо.

– Никогаш не би ја ризикувал кариерата дури и кога се работи за натпревар на Светско првенство. Би сакал да бидам 110 отсто подготвен, но јас сум подготвен 100 отсто и тоа е доволно за да му помогнам на тимот – рекол Роналдо.

Top