петок, 12 декември 2025 | Вести: 0

СП 2014: Шпанец дебело заработи на поразот на неговата земја од Холандија

Holandija Spanija 04 (Custom)

Фото: ЕПА

Шпанецот Јакоб Риос-Капапе го погоди точниот резултат на натпреварот на неговата репрезентација против Холандија и заработи ваучер за гориво вреден 100 илјади евра.

Риос е еден од ретките шпански граѓани што може да се каже дека се израдувале на дебаклот на „црвената фурија“ која одбраната на шампионската титула на мундијалот во Бразил ја почна со пораз од Холандија со 5:1.

И покрај големата награда, архитектот од Валенсија беше воздржан во коментар за шпанските медиуми.

– Не сум посебно импресиониран од мојот облог – изјави среќниот добитник и најави дека на следниот дуел против Чиле ќе се обложи на победа на Шпанија.

Top