Непријатно изненадување за навивачите на Уругвај приреди оваа репрезентација која на стартот од шампионатот загуби од Костарика со 3:1, иако водеше со 1:0.
-Не ја потценивме Костарика, но едноставно примивме голови на начин на кој досега не сме примале. Во следните натпревари ќе треба да дадеме се од себе и да дојдеме до позитивен резултат. Костарика ги искористи шансите и стигна до победата. Луис Суарез повеќе не е повреден, но не е доволно подготвен. На негово барање беше на клупата, дека не сакал да гледа натпревар од трибините. Може да ни помогне само ако е максимално подготвен, а дали ќе биде за дуелот со Англија ќе видиме, изјави селекторот на Уругвај Оскар Табарез.
Следниот натпревар четвртопласираната репрезентација од последното Светско првенство, Уругвај го игра на 19.јуни во Сао Паоло против Англија, која истотака загуби во првото коло од Италија.