Англиската репрезентација со пораз ги почна натпреварите на Мундијалот во Бразил откако во Манаус во 1.коло од Д групата загуби од Италија со 2:1.
-Италија е одличен тим, кој знае како треба да се играат вакви натпревари. Едноставно не не изненадија, а разочарани сме дека дадовме се од себе и на крајот испадна за – ништо. Сепак независно од поразот против Уругвај мораме да одиме на победа. Ќе биде за некоја нијанса потешко, но не и невозможно, изјави капитенот на Англија, Стивен Џерард.
До крајот на Мундијалот Англија ќе игра против Уругвај на 19.јуни и против Костарика на 24-ти јуни.