петок, 12 декември 2025 | Вести: 0

Светски медиуми: Театарски пенал ги извлече домаќините

Светските медиуми се согласуваат со жалбите на Хрватите дека биле оштетени на вчерашниот воведен натпревар од Светското првенство.

Судијата измисли пенал за Бразил. Тоа не е никаков пенал. Хрватите беа огорчени. Фред доби тоа што го бараше, изнуди непостоечки пенал, пишува шпанска Марка.

Хрватска поведе, Бразил изедначи, а домаќинот поведе по интервенцијата на јапонскиот судија во вториот дел.

Театарскиот пенал на Фред ги извлече домаќините. Изгледаше дека Бразил ќе киксира, но до тогаш добриот Јапонец им подари пенал на домаќините, пишува германски Кикер.

Сите се согласуваат дека Хрватска е тешко оштетена.

– Великодушен подарок на јапонскиот судија Нишимура. Бразил до тогаш се мачеше со Хрватите, пишува Газета дело Спорт.

 

Top