петок, 12 декември 2025 | Вести: 0

Сколари му одговори на Ковач: Милијарди не видоа пенал, но судијата виде

Luiz-Felipe-Scolari-Brazil

Селекторот на Бразил, Луис Фелипе Сколари одговори на обвинувањата на хрватскиот колега Нико Ковач дека гостите биле ограбени со досудување на непостоен пенал, а тоа го виделе милијарди луѓе.

– Милијарди не виделе пенал, но судијата виде. Како што кажав пред некој ден, арбитрите решаваат, а ние мислиме дека беше пенал, вели Сколари.

* Велите дека беше пенал?

Десет пати ја прегледав повторената снимка и мислам дека беше пенал. Исто така, за некои прекршоци не свиреше за кои мислам дека беа, не даде картони на одредени играчи, иако мислам дека требаше. Но тоа се негови процени – вели селекторот.
*Ковач силно тврдеше дека тоа е смешно, дека ќе биде циркус ако се продолжи да ваков начин.

– Не можам да коментирам што рекол хрватскиот селектор, но ќе истакнам дека Бразил петпати бил светски првак. Бевме на пет циркуси што се организирани за Бразил да биде светски првак. Ги немавме Карлос Алберто, Пеле, Роналдо, Ромарио… ОК, разбирам дека Ковач морал да го каже тоа со оглед на резултатот и јас би го кажал тоа да сум во негова кожа. Но, ние не доаѓавме до титули затоа што ни помагаа судиите – нагласи Сколари.

 

Top