четврток, 11 декември 2025 | Вести: 0

Нико Ковач: Класичен грабеж, ако ова е пенал, тогаш да играме кошарка

niko kovac

Селекторот на хрватската репрезентација Нико Ковач, видно револтиран по досудувањето на сомнителниот пенал за Бразил, по кој домаќините поведоа со 2-1, на прес-конференцијата не можеше да го сокрие незадоволството од судењето на Јапонецот Јуиши Нишимура.

– Ако тоа е пенал, тогаш да одиме да играме кошарка, а не фудбал. Тоа беше класичен грабеж, момците се борат, работат, се трудат, а тогаш доаѓа судија што воопшто не е на ниво да суди вакви натпревари. Никогаш не ги напаѓам судиите, но сите видовме какво судење имавме денеска – изјави Ковач.

 

Top