Вечерва во Бразил почнува фудбалската еуфорија. Триесет и две репрезентации тргнаа во битка за фудбалскиот трон. Сите имаме фаворити, а порталот „Економски“ ги праша претставниците на Владата за кого ќе навиваат во следниве денови. Еве ги одговорите:
Премиерот Груевски нема да навива за никого посебно, но има свои фаворити:
– Нема да имам многу време да гледам фудбал имајќи ги во обѕир обврските. Можеби делови од неколку натпревари, евентуално финалните натпревари, и тоа ќе биде сѐ. Не можам да прогнозирам кој ќе победи, нема да навивам посебно за никого, како фаворити ми се истакнуваат Аргентина и Германија.
Вицепремиерите Пешевски и Ставрески имаат различни фаворити. Ставрески ќе навива за Холандија, а Пешевски за Бразил.
Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, со дипломатски одговор: „Би сакал да играат во финале Франција и Италија, нека победи подобриот“.
Италија е фаворит и на министерката за култура, Елизабета Канчевска-Милевска.
Министерот за образование, Спиро Ристовски, ќе навива на Аргентина, за оваа селекција ќе навива и генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски. Министерот за труд и социјала, Диме Спасов, ќе навива за Бразил, министерот за транспорт, Миле Јанакиески, за Аргентина и за Португалија. Министерот за информатичко оппштетсво, Иво Ивановски, ќе навива за Германија.
За Германија ќе навива и владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Тој вели:
„Јас секогаш навивам за Македонија, но бидејќи Македонија не учествува, ќе навивам за Германија, а би се радувал и ако некоја од регионалните соседни земји, БиХ или Хрватска, успешно се претстави на првенството“.

