„ЛЕГНИ МИ НА ВОЛЕЈ“ со Тони Михајловски и Део на „Радио Слободна Македонија“ (РСМ).
Секој ден еден натпревар коментирање на забавен начин. Забавата почнува вечерва во 22 часот со премиерниот меч меѓу домаќинот Бразил и селекцијата на Хрватска.
Натпреварите кои ќе бидат коментирани ќе бидат објавувани на профилот на „Радио Слободна Македонија“ на „Фејсбук“. Слушајте фудбал на РСМ со Тони и Део на фреквенциите низ Македонија и на rsm.mk.
Тони и Део најавуваат добра забава. Ќе гледате во телевизорот, но ќе уживате слушајќи Радио Слободна Македонија.
– Го повторуваме она што го правевме од пред две светски првенства. Ќе ги коментираме случувањата во Бразил, ќе имаме интересни гости, добра забава, многу смеење, вицеви, шеги и коментари за паметење – вели Тони кој нагласува дека во оваа емисија тој ќе биде повисок од Део. Тони и неговите речиси 170 сантиметри против Део со неговите 200 зантиметри…


