Италијанците се во тешка група или, како што ја нарекуваат, група на смртта, на мундијалот во Бразил, но во добро расположение го чекаат почетокот на натпреварите на шампионатот што почнува денеска, а ќе се игра до 13 јули. Англија и Уругвај ќе бидат тешки противници за пласман натаму, не смее да се потцени ниту Костарика, а Балотели и соиграчите најавуваат поход на петтата титула. Токму Супер Марио на еден од тренинзите потврди дека е на готовс, а стигна и да се пошегува со соиграчот од нападот Инсиње.
Погледнете ја вртелешката од Балотели за Инсиње.

