Со мала, но доволно голема разлика во процентите, Македонците го одбраа сексот пред фудбалов.
Во анкетата која ја спроведе „Република“ учествуваа 407 гласачи, од кои 238 (58%) одговорија дека помил им е сексот со сопругата или девојката отколку да го гледаат финалето на Светското првенство со пријатели, за што се одлучија 169 (42%).
Слична анкета спроведе и хрватската агенција „Ипсос плус“, но испитаниците беа само 200 женети мажи на возраст од 30 до 50 години, па разбирливо е што дури 88% од нив го избрале финалето пред сопругата. Четириесет проценти од испитаниите би се откажале од сексот и на еден месец само да не го пропуштат финалето.
Мундијалот во Бразил почнува вечерва, а првиот натпревар се игра токму меѓу домаќинот Бразил и желните за фудбал Хрвати.
Новата анкета на „Република“ е токму за вашите прогнози за тоа кој ќе биде победникот вечерва.
[poll id=”110″]

