Новиот фудбалски светски првак ќе инкасира награда од 25,7 милиони евра, а ФИФА го зголеми вкуониот паричен фонд на 422 милиони евра. Тоа е за два милиони евра повеќе од минатиот мундијал во Јужна Африка.
Вицешампионот на планетата ќе добие награда од 18,3 милиони евра, а третото место гарантира сума од 16, 1 милиони евра.
Наградите се примамливи, но, сепак, се помали од тие што УЕФА ги дава за учесниците во Лигата на шампионите.

