Хрватските репрезентативци кои денеска го отвораат Светското првенство од трибините ќе ја имаат поддршката и од пејачката Северина Вучковиќ. Таа, според хрватските медиуми, заминала во Бразил со нејзиниот нов близок пријател, фудбалската легенда Давор Шукер.
– Одиме да навиваме. Лесно се решивме да одиме во Бразил. Повикани сме и одиме. Се надевам дека ќе победиме – рекла атрактивната пејачка пред полетување.
Северина како и многу други хрватски пејачи за ова Светско првенство сними и навивачка химна за хрватската репрезентација.


