
На отворањето на Светското првенство во фудбал ќе настапи и Џенифер Лопез и покрај тоа што Светската фудбалска федерација претходно соопшти дека американската пејачка поради „продукциски прашања“ на 12 јуни нема да биде во Бразил.
– Доаѓам. Тргнувам вечерва. Цело време планиравме да одиме. Мојот распоред некогаш може да биде загрижувачки, но сепак мислам дека беше прерано што било да се соопшти. Ние дефинитивно доаѓаме – изјави поп-ѕвездата.
ФИФА на 8 јуни соопшти дека пејачката поради „продукциски прашања“ нема да настапи на отворањето на Светското првенство.
На свеченоста во Сао Паоло, пред натпреварот Бразил -Хрватска, химната на првенството We Are One со Џеј – Ло ќе ја пее и американскиот рапер Питбул и Бразилката Клаудија Лејте.
Церемонијата на отворањето на Светското првенство во фудбал ќе трае 25 минути, а ќе учествуваат 600 уметници.

