четврток, 18 декември 2025 | Вести: 0

Најголемите моменти во историјата на Светското првенство

Утре почнува Светското првенство во Бразил, па поради тоа не би било лошо да ги знаете најголемите моменти од досегашните мундијали.

Кој има најмногу трофеи, кој има најмногу настапи, на кој меч се постигнати најмногу голови, се само дел од работите.

soc_winners_15

Најмногу настапи и титули

Фудбалската репрезентација на Бразил го држи рекордот по бројот на мундијали на кои има учествувано. „Кариоките“ 19 пати беа дел од овој голем фудбалски настан, а исто така тие се рекордери по бројот на освоени пехари, вкупно пет.

Најубедлива победа

Селекцијата на Ел Салвадор во 1982 година ја забележи најубедливата победа во историјата на Светското првенство откако ја совлада Унгарија со 10:1.

Најмногу голови на еден турнир

Францускиот фудбалер Жист Фонтан го држи рекордот по бројот на голови на едно Светско првенство. Имено, тој во 1958 година дури 13 пати ја тресеше мрежата на противниците.

Најбрз гол

Најбрзиот гол на mудијалот го постигна Турчинот Хакан Шукур, кој против Јужна Кореја во 2002 година ја погоди мрежата по само 11 секунди игра.

lotharmatthausyugoslaviacelebration1990_275x155

Најмногу настапи и мечеви на еден фудбалер

Славниот германски фудбалер Лотар Матеус вкупно запишал 25 натпревари на Светските првенства во периодот од 1982 до 1998 година. Кога е во прашање бројот на турнирите, Матеус е изедначен со Рикардо Карвалјо, двајцата имаат по пет.

Најмлад играч

Најмладиот играч кој бил на еден мундијал е репрезентативецот на Северна Ирска, Норман Вајтсајд, кој во книгата на рекордите се запиша со 17 години и 42 дена и тоа на мечот против Југославија 1982.година.

Најстар играч

Камерунецот Роже Мила е најстариот играч кој настапил на Светско првенство. Тој против Русија во 1994 година имаше 42 години и 39 дена.

Најмногу голови на еден меч

Русинот Олег Саленко против Камерун во 1994 година постигна пет гола во победата на неговата селекција со 6:1, тоа е истиот меч на кој Роже Мила стана најстар играч кој настапил на еден мундијал. Токму Мила го постигна единствениот гол за Камерун на овој натпревар.

Paolo-Maldini_2458402

Најмногу минути поминати на теренот

Рекордер во оваа категорија е Паоло Малдини, кој на мундијалите има вкупно време од 2.217 минути во периодот од 1992 до 2002 година.

Најмногу титули поединечно

Играчот кој има освоено најмногу титули е Бразилецот Пеле. Тој со селекцијата на својата земја учествувал на три светски првенства и исто толку пати го кренал пехарот. Тоа го сторил во 1958, 1962 и во 1970 година.

Најмногу голови поединечно

Играчот што постигнал најмногу голови на мундијалите е Бразилецот Роналдо. Од 1998 до 2006 година Ел Феномено на Светските првенства постигнал вкупно 15 гола, со што го стигна Герт Милер, кој 32 години го држеше овој рекорд.

Најмногу голови на еден меч

Најголемиот број голови на еден меч се постигнати во 1954 година. На дуелот меѓу Австрија и Швајцарија имаше вкупно 12 гола, а резултатот беше 7:5 за Австријците.

Најмногу минути без примен гол

Кога е во прашање рекордот на голманите, неприкосновен во оваа категорија е Италијанецот Валтер Зенга. Неговата мрежа во 1990 година мируваше на пет последователни натпревари, односно 450 минути пред да прими гол во шестиот меч.

Top