Домаќините на СП во Бразил мислеле на сè, па и на изгледот на кондомите. Имено, „официјалните кондоми“ направени специјално за СП веќе се пуштени во продажба, а нивниот изглед e во боите на Бразил.
Најавата за овие кондоми од марката Prudence беше проследена и преку Twitter кампањата #ProtectTheGoal. Со оглед на тоа што бројот на проститутки во Бразил се зголемува како што се ближи почетокот, изгледа дека Prudence ќе заработи одлично од ова СП кое го нарекуваат „најсекси првенство досега“. Дел од кондомите имаат испишано имиња и броеви на бразилски репрезентативци.


