понеделник, 8 декември 2025 | Вести: 0

Пјаниќ: БиХ не се плаши од никого

Босанскиот фудбалер и играч за врска во екипата на Рома Миралем Пјаниќ, денеска изјави дека неговата репрезентација ги респектира другите, но не се плаши од никого.

– Повеќето од нас имаат играно големи натпревари и знаеме како треба во определени ситуации. Не се плашиме од никого, веруваме во нашите квалитети и одиме на добар резултат. Секако дека Аргентинците се фаворити во групата, ама и ние си гледаме свои шанси, а дуелот со нив може да одлучи кој ќе заврши на првото место во групниот пласман, рече Пјаниќ.

Фудбалерот кој имаше одлична сезона во калчолигашот Рома вели дека првичната цел е да поминат во вториот круг, а потоа се е можно.

– Важно е да ја задржиме самодовербата и да не дозволиме некои непланирани работи да не исфрлат од колосек. Ги имаме сите услови за добра работа. Ветувам дека ќе сториме се што е во наша моќ да ги израдуваме нашите навивачи кои и на илјадници километри од дома ни даваат безрезервна поддршка. Да го поминеме првиот круг, па после ќе разговараме зе следните предизвици, истакна Пјаниќ.

Босна и Херцеговина на Мундијалот игра во Ф групата заедно со Аргентина (15 јуни), Нигерија (21 јуни) и Иран (25 јуни).

Top