среда, 10 декември 2025 | Вести: 0

ФИФА дозволи тајмаут на СП во Бразил

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го усвои предлогот на Светското првенство судиите под одредени услови да можат да направат пауза на натпреварот за време на двете полувремиња.

Триминутниот тајмаут судиите можат да го побараат во 30. и 75. минута под услов температурата на воздухот да е 32 или повеќе степени, а изгубеното време ќе биде надополнето на крајот од секое полувреме.

Покрај ова на Мундијалот во Бразил ќе биде дозволена и видео технологија, односно во случај да има спорна ситуација дали топката ја поминала гол линијата судиите ќе можат да го користат видео записот.

Судиите исто така ќе користат и спреј со кој ќе го обележуваат местото на кое е направен прекршокот и каде треба да стои живиот ѕид.

Top