недела, 5 јануари 2025 | Вести: 0

Камерун тргна за Бразил, Ето заборавен во хотелот

Фудбалерите на Камерун тргнаа за Бразил, откако претходно постигнаа договор со Фудбалскиот сојуз на оваа земја. Тие по пријателскиот меч против Молдавија одбија да се качат на авионот за Бразил поради лошите услови кои им биле понудени.

Сепак, не завршиле сите проблеми тука. Имено според некои светски медиуми, никој не може да потврди дали нивниот најдобар фудбалер Самуел Ето се качил во авионот или не.

Поради штрајкот Камерун доцнел со патот кон Бразил, па во сето тоа брзање да се качат во авионот, биле заборавени двајца фудбалери во хотелот, а потоа по нив бил испратен автомобил.

Првиот меч Камерун го игра против Мексико на 13-ти јуни.

Top