Како што се загрева атмосферата за мундијалот во Бразил, сè поактуелни се имињата и составите што ќе настапат на големиот фудбалски спектакл. Но, освен фудбалерите, еднакво интересни се и нивните девојки и сопруги кои ќе ги бодрат од трибините. Со оглед на големиот број фудбалери што ќе настапат на шампионатот и нивниот вкус за жени сигурно е дека може да се состават многу убави тимови, но сепак во идеалниот тим на жени најмногу се наметнуваат следните:
Ирина Шајк (Кристиано Роналдо)
Веројатно се најпознатата двојка на планетата. Португалецот и руската манекенка се во врска од 2010 година, а се запознале за време на фотографирањето за француски „Вог“.
Сара Карбонеро (Икер Касилјас)
Таа е една од најсексапилните новинарки на светот. ТВ-репортерката Сара Карбонеро ја запали планетата со романската со голманот на Реал за време на Европското првенство во Швајцарија и во Австрија. Неодамна добија и дете, со што ја крунисаа долгогодишната љубов.
Карла Компани (Винсент Компани)
Белгиската радиоводителка е позната по црвениот џемпер во кој известува од натпреварите на репрезентацијата на Белгија. Сигурно џемперот е со неа и во Бразил и покрај жешкото време што се очекува за време на мундијалот.
Јоланд Снајдер Кабо (Весли Снајдер)
Ќерката на богатиот претприемач, познатиот „крал на Ибица“ Јолант се појави во холандското реално шоу за сопруги на фудбалери. Списанијата во Холандија секоја година ја прогласуваат за најсексапилна Холанѓанка.
Антонела Рокуцо (Лео Меси)
Заедно се од 2008 година, а во 2012 година го добија синот Тијаго. На „непријателска“ територија во Бразил Антонела ќе го прави тоа што најдобро го знае – ќе го релаксира Меси за да ја врати титулата на Аргентина од 1986 година.
Шакира (Џерард Пике)
Се запознале за време на снимањето на спото за песната „Вака вака“, која беше химна на мундијалот во Јужна Африка во 2010 година. Плод на нивната љубов е малиот Милан, кој уште од пелени ги направи првите контакти со фудбалот.
Бруна Маркезин (Нејмар)
Напаѓачот на Барселона неодамна си фати актерка и тоа само што наполнила 18 години. Слатката бразилска ѕвезда во подем се залепи за асот на кариоките и не пропушта ниту еден тренинг на своето момче обидувајќи се да му даде колку што е можно поголема поддршка пред стартот.
Микела Кватрокоче (Алберто Аквилани)
Аквилани се ожени за актерката по преминувањето од Рома во Ливепул во 2009 година, а две години подоцна ја добија ќерката Аурора. Микела за репрезентативецот на Италија не се срами да каже во секоја пригода дека е љубов на нејзиниот живот.
Едурне Гарсија Алмагро (Давид де Хеа)
Голманот на Манчестер јунајтед и шпанската репрезентација е во врска со неколку години постарата поп-ѕвезда. Едурне е позната по хитот „Despierta“ од 2006 година, кој беше еден од најпродаваните синглови на Пиринеите.
Ан Катрин Бромел (Марио Геце)
Него го задеваат дека е хомосексуалец, а тој ја има неа. 22-годишната Ан Катрин Бромен е моделка, пејачка и блогерка. Хоби ѝ се трчање, пеење, готвење и свирење клавир.
Даниела Симан (Сеск Фабрегас)
Таа е дури 13 години постара од играчот на Барселона. Даниела го напушти сопругот, милионерот Ели Тактук во 2011 година за да биде со Фабрегас. Постарите жени се чини се слабост за шпанските фудбалери.












