понеделник, 22 декември 2025 | Вести: 0

Џенифер Лопез го откажа настапот на отворањето на Светското првенство во Бразил

jenifer lopez

Поп-ѕвездата Џенифер Лопез се откажа од настапот на отворањето на Светското фудбалско првенство во Бразил на 12 јуни во Сао Паоло.

Атрактивната Латиноамериканка требаше да ја изведе официјалната песна на првенството „We Are One (Ole Ola)“ заедно со американскиот рапер Армандо Кристијан Перез – Питбул и Клаудио Лите пред почетокот на натпреварот Бразил – Хрватска, но според последните информации такво нешто нема да се случи.

– За жал, Џенифер Лопез го откажа настапот, но тоа нема да го намали спектаклот на отворањето на Светското првенство – соопштија од Организацискиот одбор не објаснувајќи ги причините за тоа.

Свеченоста на отворањето на мундијалот ќе трае 25 минути, а ќе настапат 600 артисти.

 

Top