Бразилската специјална единица го прекина неделниот тренинг на фудбалската репрезентација на Хрватска во Кампот Тиволи, во местото Праја до Форте, поради дојава за бомба.
Полицајците околу 20 минути пребарувале детектори во околината на кампот, меѓутоа ништо не продајдоа.
Како што пренесуваат бразилските медиуми, не се знае точно дали дојавата за поставена бомба во кампот е обична шпекулација, бидејќи ниту бразилците не ја откриле точната причина за претресот на кампот.
Хрватска на Светското првенство ќе игра во Групата А, со Бразил, Мексико и Камерун.
Натпревар меѓу Бразил и Хрватска го отвора Мундијалот на 12.јуни (четврток), со почеток од 22 часот по средноевропско време.
Фото: ЕПА

