вторник, 9 декември 2025 | Вести: 0

Вувузелата забранета на СП во Бразил

Познатите навивачки помагала кои беа хит на мундијалот во Јужна Африка ќе бидат забранети на стадионите во Бразил на претстојното Светско првенство.

ФИФА го објави кодексот за однесување на навивачите за време на натпреварите од Светското првенство, а, покрај вувузелите, забранети се и факли, големи транспаренти, како и внесување храна која е купена надвор од стадионот.

На мундијалот ќе биде забрането и користење на навивачките мегафони на трибините, нешто што е воочливо на стадионите во Европа, пред сѐ на натпреварите од шампионатите во Италија и во Германија.

Top