Бразил се загрева за настап на Светското првенство, а рутински тест за најтрофејната фудбалска земја беше натпреварот со Панама. „Кариоките“ лесно славеа со 4-0 со головите на Нејмар, Алвеш, Хулк и на Вилијан.
Бразилците како домаќини на јубилејниот 20. шампионат ќе играат на премиерата против Хрватска на 12 јуни на „Маракана“ во Рио де Жанеиро.