сабота, 6 декември 2025 | Вести: 0

Чудни нешта за мундијалскиот трофеј што ќе ве разочараат

Бразил е домаќин на јубилејното 20. издание на Светските првенства, а најдобрата репрезентација ќе го добие пехарот со чудно и долго име „ФИФА Ворлд куп трофи“. Од 1930 до 1970 беше многу позвучно и поедноставно, само „Жил Риме“, именувано според еден од основачите на светската куќа на фудбалот.

И можеби е погрешно да се каже дека новиот шампион во Бразил, ќе го добие трофејот. Победниците ќе го имаат в раце само за одредено време, на победничкиот пиедестал и колку да истрчаат со него победнички круг на „Маракана“ на 13. јули. На тој датум е финалето, а потоа шампионите ќе го вратат вредниот пехар, што е изработен од злато и тежи 70 килограми. И ќе добијат реплика, која многу се разликува од оригиналот.

The World Cup

Втора разочарувачка работа, што педантните аналитичари ја откриле во врска со пехарот, е што тој тежи цели 70 килограми. Кој ќе крене трофеј со таа тежина. Веројатно дел од фубалерите и можат, но не е нормално да трчате победнички круг, со нешто што тежи 70 кила.

Трето, репликата што ќе ја добијат светските прваци воопшто нема злато на неа, туку е позлатена.

Следи ново разочарување, бидејќи и сегашниот оригинал не е оригинал. Вистинскиот трофеј е „Жил Риме“ и го добиваа прваците од стартот на мундијалите во 1930 (Уругвај), па се до шампионот  Бразил во 1970 година. Тоа на „кариоките“ им беше трета титула и го добија во трајна сопственост. И 13 години подоцна го загубија, односно им го украдоа во Рио Де Жанеиро. И „Жил Риме“ замина во неповрат, го нема цели 31 година. Чест да му се радуваат имаа Бразил на 3 пати, Италија и Уругвај во два наврати и по еднаш Германија и Англија.

rime

Сите останати шампиони го добиваат второто издание на трофејот наречен „ФИФА Ворлд куп трофи“.

Острите критичари велат дека трофејот е утнат и во неговата изработка. Ако е куп, од него мора да се пие нешто. Барем шампањско, но од овој на ФИФА тоа е невозможно, бидејќи заборавиле да го креираат во тој стил. Нема отвор, пехарот од 70 килограми е цврста маса изработена во злато.

И за крај на разочарувањата следи гравирањето. Никој не размислувал дали ќе има простор да се испишат сите имиња на репрезентациите што ќе бидат светски прваци. Секако за подолг период. На актуелниот трофеј има место за само уште 4 светски шампиони. Во 2030 година, сепак ФИФА ќе има причина да го смени, за јубилејот, 100 години од првиот мундијал. Тоа е добро, барем ќе имаат изговор да се смени „ФИФА Ворлд куп трофи“ и да се изработи подобар пехар. Како што и доликува за светски фудбалски првак.

 

 

Top