Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Португалецот Кристиано Роналдо на Инстаграм објави фотографија со својот син Кристиано Џуниор, непосредно пред заминувањето за Бразил на Светското фудбалско првенство кое почнува на 12 овој месец.
Роналдо со синот го прославуваше Светскиот ден на децата, а португалската репрезентација веднаш потоа замина за САД каде што ќе игра пријателски натпревар против Мексико.
Пред заминување Роналдо и колегите од репрезентацијата направија едно „селфи“ со порака: Момците кои ја претставуваат својата земја. Напред Португалија!