Алжир со француски шарм ќе патува во Бразил, а селекторот Вахид Халилхоџиќ го состави конечниот список од 23 репрезентативци што ќе ги бранат боите на „пустинските лисици“ на мундијалот од 12 јуни до 13 јули.
Интересно е што дури 16 од нив се родени во Франција, а само седум се родум од Алжир некогашната колонија на Французите.
Главни ѕвезди во составот се Фегули од Валенсија, Гулам од Наполи, играчот на Порто Џилас, потоа Тајдер од Интер, Бенталеб од Тотенхем, Ласен од Хетафе….
Алжир е во Х групата на СП во Бразил со репрезентациите на Белгија, Русија и со Јужна Кореа.