Бразилскиот селектор Луис Фелипе Сколари ги критикуваше бразилските репрезентативци дека не се залагаат доволно на тренинзите на само десетина дена пред почетокот на Светското првенство. Бразил е топ-фаворит за титулата и домаќин на мундијалот, па очекувањата во земјата на самбата, кафето и фудбалот се огромни.
Според Сколари тешко ќе оди, бидејќи репрезентативците прават се на погрешен начин.
„Ништо не ми се допадна на последниот тренинг. Се беше погрешно. Ќе барам решенија за да ги најдеме идеалните единаесетмина што на вистински начин ќе ги бранат боите на Бразил“, изјави Сколари.
Бразил ќе игра на отворањето на јубилејниот 20-ти мундијал на 12. јуни против Хрватска во Сао Паоло.