Фудбалерот на француската репрезентација Франк Рибери се наоѓа под знак прашалник за СП во Бразил поради повреда на грбот.
Како што пренесуваат медиумите, грбот на Рибери е во лоша состојба, Французинот има хронични проблеми, а од лекарскиот тим не се оптимисти кога станува збор за негово заздравување.
Селекторот Дидие Дешам ќе чека до последната минута на неговиот најдобар играч, а рокот за предавање на списокот со 23 играчи е до понеделник вечер.
Крилниот напаѓач на Баварците за националниот тим одигра 81 натпревар и постигна 16 гола.

