
Еден од најдобрите фудбалери во португалскиот состав, Роналдо, може ќе го пропушти Сп во Бразил. Иако се сметаше дека заработил само истегнување на мускулот, сепак повредата е посериозна.
Португалскиот селектор најави дека Роналдо и Пепе ќе отсуствуваат од мечот против Грција вечерва, дека е можно ѕвездата на Реал да има поштеда и да не одигра ниту еден контролен меч, но сега излезе дека во прашање е Мундијалот. Португалскиот El Pais денеска известува дека Роналдо има тешко воспаление на тетивите. Шокиран е и селекторот Бенто:
-Се подготвуваме за Светското првенство без разлика дали ќе бидеме со Кристијано Роналдо или без него. Ја следам неговата состојба секојдневно, сигурно нема да преземаме никакви ризици.

