Мундијалскиот пехар конечно пристигна во земјата домаќин на Светското првенство 2014-та.
По 267 денови, 88 земји и 150 илјади километри поминати, направен од 18-каратно злато, трофејот за Светското првенство конечно пристигна во Сао Паоло.
Можност прв да го крене најпосакуваниот трофеј доби поранешниот бразилски фудбалер Роберто Ривелињо кој настапил на три Светски првенства, а во 1970-та со селекцијата на Бразил го освоија Мундијалот.
Фановите побрзаа да го фотографираат пехарот во првиот ден од неговото официјално претставување во земјата домаќин на првенството.
Светското првенство започнува на 12-ти јуни и ќе трае до 13-ти јули.


