четврток, 18 декември 2025 | Вести: 0

Холандија остана без Ван дер Варт за СП во Бразил

Фудбалерот на Хамбургер и холандската фудбалска репрезентација Рафаел Ван дер Варт ќе го пропушти светското првенство во Бразил поради повреда на мускулот на десната подколеница. Ова е голем пех за селекторот Луј ван Гал бидејќи тој од поодамна не може да смета ниту на играчот на Рома Стротман кој е повреден од март ќе мора да остане со само еден плејмејкер во тимот а тоа е играчот на Галатасарај Весли Снајдер.
Ова го изјави фудбалската федерација на „лалињата“ во пресрет на составување на конечниот список на Ван Гал кој мора да биде доставен до светската фудбалска федерација (ФИФА) до крајот на неделата.

Top