недела, 7 декември 2025 | Вести: 0

Протести во Бразил пред СП: Индијанците со стрели по полицајците

Indigenous Indians from various parts of Brazil take part in a demonstration against proposed constitutional amendment PEC 215 in Sao Paulo

Не стивнуваат протестите во Бразил, земјата домаќин на претстојното Светско фудбалско првенство кое ќе се одржи од 12 јуни до 13 јули.

На последниот протест полицијата со солзавец ги растеруваше 500-те домородци, Индијанци кои им фрлаа стрели, а имаше и околу 500 претставници на различни општествени групи кои протестираа против одржување на Мундијалот во Бразил, осудувајќи го прекумерното трошење пари.

Домородците фрлале и камења на околу 700 полицајци кои го обезбедуваа фудбалскиот стадион во Рио де Женеиро.

– Кому му служи СП? Нам сигурно не. Не сакам првенство, сакам пари за здравство и за образование – гласно протестираа Индијанците, кои не се сложуваат и со узурпацијата на земјата во корист на белците-земјопоседници.

Домородците претставуваат 0,3 отсто од вкупното население во Бразил кое изнесува 200 милиони жители. Живеат на 12 отсто од територијата на Бразил, поголемиот дел околу реката Амазон.

Често се во спор со богатите земјопоседници кои контролираат 46 отсто од обработена земја.

Бразил се соочува со серија протести против одржување на СП на чија организација досега се потрошени 11 милијарди долари.

 

Top