Група на професори протестираат со банери и знамиња пред хотелот каде што е сместен Бразилскиот национален фудбалски тим во Тересополис, Бразил.
Околу стотина професори го обиколиле хотелот во Рио де Женаиро, каде што се сместени избраниците на Фелипе Сколари, а главната причина за протестот е тоа што воопшто не се инвестирало во образование, а земјата се расфрлала со пари за Мундијалот кој ќе започне на 12 јуни.


