Наградата за најдобар играч на Светското првенство во фудбал се доделува од првиот Мундијал кој се одржа во Уругвај, а прв добитник бил домашниот фудбалер Хозе Насаци. Инаку од 1982 година наградата се нарекува „Златна топка“, а прв кој ја добил бил напаѓачот на Италија, Паоло Роси.
ехничката комисија на ФИФА ги објавува имињата на фудбалерите кои се номинирани за наградата, а потоа претставниците на медиумите гласат за најдобриот во оваа категорија.
На досега 19-те одржани Светски првенства, наградата „Златна топка“ ја добил само еден голман, Оливер Кан на Мундијалот во 2002 година.
Најдобри играчи на светските првенства:
1930 – Хозе Насаци (Уругвај)
1934 – Џузепе Меаца (Италија)
1938 – Леонидас (Бразил)
1950 – Жизињо (Бразил)
1954 – Ференц Пушкаш (Унгарија)
1958 – Диди (Бразил)
1962 – Гаринча (Бразил)
1966 – Боби Чарлтон (Англија)
1970 – Пеле (Бразил)
1974 – Јохан Кројф (Холандија)
1978 – Марио Кемпес (Аргентина)
Златна топка:
1982 – Паоло Роси (Италија)
1986 – Диего Марадона (Аргентина)
1990 – Салваторе Тото Скилачи (Италија)
1994 – Ромарио (Бразил)
1998 – Роналдо (Бразил)
2002 – Оливер Кан (Германија)
2006 – Зинедин Зидан (Франција)
2010 – Диего Форлан (Уругвај).