среда, 24 декември 2025 | Вести: 0

Светското првенство во Бразил ќе го обезбедуваат сто илјади полицајци и 57 илјади војници

Бразил ќе потроши над 850 милиони долари за безбедноста на Светското фудбалско првенство, кое треба да почне следниот месец.

Владата ќе распореди 57 илјади војници, сто илјади полицајци и други сили за безбедност во 12-те градови, во кои ќе се одржуваат натпреварите, за да ги обезбедуваат хотелите, стадионите и аеродромите, најавија министерот за одбрана Селсу Аморим и министерот за правда Жозе Едуарду Кардозу.

Аморим истакна дека Бразил е целосно подготвен за гарантирање на безбедноста на Светското фудбалско првенство.

Top