среда, 10 декември 2025 | Вести: 0

Која репрезентација има најдобар слоган за СП?

До почетокот на Светското првенство во Бразил остана уште помалку од еден месец, а Светската фудбалска федерација објави листа на слогани кои ќе се најдат на автобусите што ќе ги превезуваат селекциите.

Алжир: Пустински војници во Бразил
Аргентина: Ние не сме само тим, ние сме земја
Австралија: Ќе скокнеме во историја
Белгија: Очекувајте го невозможното
БиХ: Змаеви во срцето, змаеви на теренот
Бразил: Подгответе се! Доаѓа шестиот трофеј!
Гана: Црните ѕвезди се тука да го осветлат Бразил
Грција: Хероите играат како Грци
Еквадор: Една страст, само едно срце, тоа е за тебе, за Еквадор!
Англија: Сон на еден тим, желба на милион срца
Иран: Гордост на Персија
Италија: Да го обоиме сонот за Светското првенство во сино
Јапонија: Самураи, дојде време за борба
Јужна Кореја: Уживајте, црвени
Камерун: Лавот останува лав
Колумбија: Тука патува цела нација, не само тим
Костарика: Мојата страст е фудбал, мојата сила се моите луѓе, мојата гордост е Костарика
Мексико: Секогаш заедно, секогаш Астеци
Германија: Една нација, еден тим, еден сон
Нигерија: Само заедно можеме да победиме
Брегот на Слоновата Коска: Слоновите одат во Бразил
Португалија: Минатото е историја, иднината е победа
Русија: Никој не може да нѐ застане
Чиле: Чи Чи Чи! Ле Ле Ле! Напред, Чиле
САД: Еден тим, нѐ води страста
Холандија: Вистинските мажи носат портокалово
Хондурас: Ние сме една земја, една нација, со пет ѕвезди на срцето
Хрватска: Со жар во нашите срца, за Хрватска сите како еден!
Уругвај: Три милиони соништа… Напред Уругвај!
Франција: Невозможно не е француски збор
Швајцарија: Последна станица: 07-13-14 Маракана!
Шпанија: Во нашите срца е шампионската страст

Top