Селекторот на Француската фудбалска репрезентација се најде на мета на цела фудбалска јавност и симпатизери од оваа земја по објавувањето на списокот на фудбалери кои треба да ги претставуаат галските петли на престојното светско првенство (СП) во Бразил.
Дидие Дешамп од списокот ги изостави Самир Насри и Гаел Клиши кои беа едни од носителите на играта во оваа сезона на првакот во англиската премиер лига. Во составот го нема и искнусниот Ерик Абидал.
Селекторот изјави дека во тимот се повикани играчи кои треба да ја направат најдобрата екипа, а не играчи кои имаат фантастични индивидуални карактеристики. Токму затоа во составот го нема Самир Насри.
Секако составот ќе го предводи искусниот Франк Рибери, а во нападот се најдоа Карим Бензема и Оливие Жиру.
Голмани: Хуго Лорис (Тотенхем), Стив Манданда (О. Марсеј), Микаел Лондро (Бастија).
Одбрана: Рафаел Варан (Реал М.), Мамаду Сако (Ливерпул), Матие Дебуши (Њукасл), Лоран Кошчиелни (Арсенал), Лукас Диње (ПСЖ), Елаквим Мангала (Порто), Бакари Сања (Арсенал), Патрис Евра (Манчестер ј.).
Среден ред: Јоан Кабај (ПСЖ), Пол Погба (Јувентус), Блес Матуиди (ПСЖ), Муса Сисоко (Њукасл), Клемен Грение (Лион), Рио Мавуба (Лил), Матие Валбуена (О.Марсеј).
Напад: Карим Бензема (Реал М.), Франк Рибери (Баерн Минхен), Оливие Жиру (Арсенал), Антоан Грижман (Реал Сосиедад), Лоик Реми (Њукасл).
Резерви: Реми Кабелја (Монпелје), Максим Гоналонс (Лион), Александре Лаказет (Лион), Лоик Перин (Сент Етјен), Стефан Руфие (Сент Етјен), Морган Шнедерлин (Саутемптон), Беноа Тремулинас (Сент Етјен).

