Белгискиот селектор Марк Вилмотс има слатки маки да ги одбере најдобрите фудбалери на популарните „црвени ѓаволи“, а оваа селекција многумина ја истакнуваат како потенцијално изненадување на СП во Бразил.
Фудбалските ѕвезди од рангот на Азар, Лукаку, Витсел, Компани, Вермален, Куртоа, Фелаини, Мертенс, Миралас и уште дузина други од белгискиот состав мора да се респектираат.
Вилмотс одлучи да го соопшти списокот на селекцијата што може да биде „мина“ за фаворитите и пријатно изненадување во Бразил.