понеделник, 8 декември 2025 | Вести: 0

Бразилците ги демантираат пишувањата на британските медиуми

Градоначалникот на Манауш Артур Виржиљо ги демантира пишувањата на британските медиуми кои овој град пред Светското првенство го нарекоа опасен.

– Тука неколку пати беше британскиот принц Чарлс и не го изедоа алигатори. Елтон Џон сака да настапи на стадионот во Манауш и се надевам дека нема да го нападнат змии – рече Виржиљо.

Британскиот весник „Дејли мирор“ напиша дека англиските навивачи ќе си го ризикуваат животот доколку патуваат во овој град.

– Сакаме да го изненадиме светот и знаеме дека можеме да го направиме тоа – вели Виржиљо.

Градоначалникот, коментарите на претставниците на репрезентациите, како на селекторот на Англија Рој Хоџсон за големата влажност на воздухот и топлината, ги нарече само изговори.

„Дејли мирор“, исто така, пишува и дека во Манауш минатата година се евидентирани 945 убиства, а претставник на државната управа рече дека бројот е точен, но тоа се случило во 2011 година.

Локалната полиција проценува дека бројот на убиства оваа година ќе падне на 600.

Top