понеделник, 8 декември 2025 | Вести: 0

На местото на Меси ќе игра Икарди

Мауро Икарди, напаѓачот на Интер, ќе го замени Лионел Меси во репрезентацијата на Аргентина во последните 2 натпревари од квалификациите за мундијалот во 2014, против Перу и Уругвај, соопшти Аргентинската фудбалска федерација

 

 forzaitalianfootball.com

Аргентина на 11 октомври игра во Буенос Аирес против Перу, веќе елеминираниот во квалификациите, а на 15 октомври во Монтевидео против Уругвај, кој  сѐ уште има шанси да се пласира на мундијалот во Бразил.

Меси ќе отсуствува од теренот две до три недели бидејќи го повреди мускулот на десниот бут.
Барселона ја победи екипата на Алмерија со 2:0, во седмото коло на шпанското првенство. На истиот натпревар Меси даде гол и се повреди во 29. минута од натпреварот.

 

 

Top