среда, 17 декември 2025 | Вести: 0

Квалификациите финишираат, селекторите се менуваат

Фудбалските квалификации за настап на Мундијалот во Бразил следната година се во самиот финиш, а се почеста е и смената односно, отказите за селекторите на репрезентациите што испаднаа или се пред елиминација.

Прв бродот што тоне го напушти легендарниот Џовани Трапатони, па Република Ирска на последните два дуели ќе ги предводи друг селектор. По него си замина и чешкиот стратег Билек, по поразот од Италија, со што драстично се намалени шансите Чешка да патува за Бразил.

Последен во низата, што веројатно нема да биде и конечна, е кипарскиот селектор Ниопиљас, кој денеска си поднесе оставка. Поразот од Словенија завчера, беше критичниот момент за Ниопиљас да си замине. Кипар има само 4 бода од 8 натпревари во Е групата.

Top