#ВидливаДиета
Моментално сум на диета со гледање, што видам јадам.
Моментално сум на диета со гледање, што видам јадам.
Панкот не е мртов, ама за жал ни турбофолкот.
За да го избереш најдоброто мораш да пробаш и од најлошото.
Кога се осеќаш тапа, сети се дека увек има некој со отварач.
И кога мислиш дека е крај, стави вода во шампонот и имаш за уште 12 пати бањање.
Надвор е НеЗнамКакоДаСеОблечам степени!
Не верувам во станување на прв аларм.
Не си сељанка ако пиеш вода од чешма, сељанка си ако глумиш дека пиеш само флаширана.
Велат дека во мене се крие Гениј, па секоја чест многу добро се крие…
Секогаш кога ќе ми е тешко ú се качувам на вагата. Нека и биде и на неа тешко!
Земјата е рамна, ама малце е навалена накај Егејот за да може Вардар натака да тече.
Таксистов толку брзо возеше шо времето уште не е стигнато и сеа седам у празен простор со зелена позадина.
Најголем цицач не е китот, туку тие на 30 години шо бараат пари од тато и мама.
Леб има две крајчиња и ниедно почеточе.
Си го крстив фрижидерот Рим, затоа што сите патишта водат кон него.
Толку ме мрзи да станам од кревет, што треба да ме плаќаат од црногорска амбасада.
90% од целиот ден лежам и спијам. Останатите 10% не правам ништо.
Влагаш у дискотека и продаваш учебници за седмо оделение.
Го видов еднаш Манасков у банка, и таму газеше на линијата.
Знаете она кога чоколадото ќе ви го расипе вкусот на горкото кафе. Епа и во животот така, убавото не оди со се.