#Платичка
Денес ќе работам колку шо е фер според плата. Шо значи во 10:40 ќе си одам.
Денес ќе работам колку шо е фер според плата. Шо значи во 10:40 ќе си одам.
Бил мал град, се оговарало. Не е до малиот град, до малите луѓе е.
Летно сметање на алкохол.
Кaкo мaл зa 1ви aприл ги рaзбудив мoите вo 5 сaбaјле и се дерев “земјoтрееес” и тoa е прикaзнaтa зa мoјoт прв ќoтек.
Некои села не можат да излезат од луѓето.
Научно е докажано дека мал дел од луѓето ги интересира што е научно докажано.
Добар љубовник е како скап детергент: делува брзо, продира длабински, убаво мириса и што е најважно, не остава траги.
Скопје нема сообраќај. Скопје има Зообраќај.
Лила Филиповска: водителка, пејачка, мајка, сопруга, сопруга, сопруга…
Околу 68,27% од сите статистики се безмислици.
Си земала маж со јак мерцедес, сеа детето им личи на лада нива.
Од далеку е убав. Али од блиску далеку е од убав.
Не ги заклучувајте точаците на предно тркало, знам да возам и на едно.
Ако купиш цигари од 100 ден е ок, ама ако купиш бадеми за истите пари тогаш си богаташ.
Неупотреблив сум ко џебот на горен дел од пижама!!!
Олимписка дисциплина: трчање по пиво у 5 до 19:00.
Прав боем не става ракија на рана. Тој ја пие, а ракијата сама знае кај да излекува.
Новите коли сега сами се гаснат коа застанеш на семафорот. Југото тоа го прае повеќе од 20 години.
На прав маж истата жена му ги гужва и пегла кошулите.
„Hippopotomonstrosesquippedaliophobia“ е страв од долги зборови.