#ТиСиЗаЛечење
Да добивав по денарче секој пат кога некој ќе ми речеше „ти си за лечење”, ќе соберев доволно пари да се излечам.
Да добивав по денарче секој пат кога некој ќе ми речеше „ти си за лечење”, ќе соберев доволно пари да се излечам.
Еден прст – македонска единица мерка за прашина.
Најдобар начин да го запамтиш роденденот на жена ти е да го заборавиш само еднаш.
Битлси да поминеа за да ги сликаат на пешачки у Скопје сите ќе ги испогазеа.
Денес е Понеделник, денот ќе трае колку цел Јануари.
Знаеш дека си пораснал кога твоите дома место благото го кријат алкохолот.
Дома нагалено ме викат „тури по едно кафе”.
Понекогаш трошам многу, понекогаш не. Зависи од тоа колку дена ми е стар лебот.
Жената го памти и она што никогаш не си го изговорил.
21ви век е кога дома немаш доволно штекери за сè.
Оние перниците за против рчење делуваат само ако ти ја набута у уста некој.
Кога ќе си го удрам малото прсте ми се активира слободата на говорот.
Где сте сметки стигла плата.
Освен Матичен лекар, повеќето жители во Македонија имаат Матичен снабдувач со домашна ракија.
Aко искочиш од дома со полна батерија и се вратиш со полна батерија значи убаво си поминал.
Матичен келнер.
Кој пее зло не мисли, а кој пее на караоке ич не мисли.
Времево е за танги, полутанги и битанги.
Таман ми се среди сè во животот… се разбудив.
Кафана – именка од женски род што ги разбира мажите.