#ПустоПетстотче
Многу мразам кога сметката ми е 520 денари и бркам по џебовите и никаде не можам да најдам уште 500 денари.
Многу мразам кога сметката ми е 520 денари и бркам по џебовите и никаде не можам да најдам уште 500 денари.
“Улицата Никола Тесла без струја” е најироничната вест за оваа недела.
Македонец и Индијка е совршена комбинација. Овој ќе и вика “Краво една”, а оваа ќе си мисли дека е божествена.
Две три бањарки да смениш и помина животот.
Денес е Св. Европско Првенство. Тежок празник. Еднаш у 4 години.
Избегавам работи што дебелеат… вага, огледало, фотоапарат…
Еднаш имав сериозна врска. Ич не се смеевме.
Ќе пиеш или да се шминкам?
Не знаев дека гета ужива популарност во фиром речиси подеднакво како светлана ражњатович.
За девојките кои бараат идеален маж, треба да знаат дека убав, паметен и богат, се тројца различни мажи!
„Без љубов не се живее”… Оди живеј без јадење да те видам.
Сега сватив дека имам среќа невидена… Никогаш не сум ја видела!
Само 5% од математиката шо ја учеш у школо ќе ти треба, другите 97% се глупости.
Од децата секогаш едното е магистар, а другото да е живо и здраво!
1+1 може да биде и 3… Ако не го извадиш на време.
На цвеќе како мене му треба ебиветер како тебе.
За Јазиците кажуваме дека се Мајчини од проста причина што татковците ретко доаѓаат до збор…
Животот ми е како Топ Шоп, таман кога ќе помислам не може да биде полошо од ова, ми возвраќа со „Но тоа не е се…”
Откако почнавме да плаќаме со картички, сѐ повеќе мастики остануваат непродадени.
Животот е тежок, но потешко е да го живееш.