| четврток, 6 декември 2018 |

Тито си замина од Барселона, доаѓа „Тата“ Херардо Мартино

Барселона веќе го одбра новиот тренер, а официјално в петок ќе биде претставен Херардо Мартино, поранешниот селектор на Парагвај. Во игра беа Луис Енрике и Андре Вилјаш Боаш, но Каталонците одлучија 50-годишниот тренер со прекар Тата да го замени Тито Виланова. Тој моментно е тренер на аргентинскиот клуб Њуелс Олд Бојс, а целата тренерска кариера ја помина во Јужна Америка. Од 2006 до 2011 година мошне успешно ја предводеше репрезентацијата на Парагвај. Аргентинецот Мартино е легенда на Њуелс Олд Бојс, а навивачите го избраа за најдобар фудбалер во историјата на клубот.

– Би било неверојатно добро Херард да стане тренер на Барселона. Знам дека секогаш сам ги договара работите и верувам дека информациите се точни – изјави неговиот помошник Елвио Паолоросо.

Барселона остана без тренер по повлекувањето на Тито Виланова поради здравствени проблеми. Најавено е дека в петок Мартино ќе биде и официјално претставен како нов тренер на шпанскиот шампион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top