Штипскиот фолкер Зоран Ванев, кој долги години живее и работи во Швајцарија, патентира лек за псоријаза, пренесува денешен „Вест“.
– Мојата научна работа ја следат познати стручни имиња од најпрестижните универзитети во Швајцарија, каде што има експерти од сите развиени земји во светот, Јапонија, Германија, итн. Мојот производ е во прав и треба да биде стопроцентен лек против псоријаза – вели Ванев.
Ванев, сепак, не се откажал од музиката. Пред неколку месеци тој ја придружуваше српската ѕвезда Цеца на нејзината турнеја низ Австралија.
Зоран Ванев првпат запеа пред точно 20 години на фестивалот „Цветници“ во 1993 година, со песната „Ангела“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


