Делегација од Македонија уште утре ќе се упати во Москва за да го потпише договорот за Јужен тек. Според премиерот Никола Груевски Руската федерација соопштила дека се завршени подготовките за потпишување на договорот за Јужен тек и ја поканила македонската влада во вторник да го потпише договорот.„Морам да кажам дека ова е исклучително значаен проект за нас затоа што со Јужен тек практично на долг рок се гарантира енергетската стабилност на Македонија. Се обезбедуваат нови количини на гас кои ќе направат и проектот за внатрешна инфраструктура за преносот на гас во Македонија да добие една поголема смисла бидејќи внатрешната инфраструктура за која исто така имаме зацртано план како да ја реализираме и планираме брзо да почнеме, зависи од тоа дали ќе имаме доволни количини на гас“ – истакна Груевски по денешното отворање на скопскиот аквапарк.
Тој додаде дека со склучувањето на договорот за Јужен тек сите други понатамошни операции за гасификација на Македонија, за градење на внатрешна инфраструктура на гасоводи добива смисла.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент


